По поводот патронатот на основното училиште Мирче Ацев, во училиштето ќе се одржи приредба во чест на херојот Мирче.На приредбата ќе се одржат многу интересни нешта кои ќе ги изведат учениците од сите одделенија (од 1 до 8 одделение).Ќе се изведуваат ритмички точки и ќе се слушне музиката на оркестарот.
Општина Ѓорче Петров
Tuesday, February 22, 2011
Tuesday, February 15, 2011
Општина Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров е формирана на 14 септември 1996 година со Закон за градот Скопје со кој се утврдуваат подрачјата во состав на Скопје. Настаната е со отцепување од општина Карпош.Територијата на Општина Ѓорче Петров се протега на северозападната страна на Скопје, од левата страна на реката Вардар. Во состав на подрачјето на Ѓорче Петров спаѓа и руралните населени места и населби по сливот на река Лепенец. Општината Ѓорче Петров е погранична општина, затоа што нејзината северна граница се простира долж државната граница. Ѓорче Петров е градска Општина во состав на град Скопје и нејзината територија се граничи со oпштините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај. Покрај урбаниот дел, Општината има и приградски, рурален дел во кој има шест населени места:Волково, Грачани, Кучковов, Никиштане, Ново Село и Орман.
Историја за настанокот на општината
Историјата на Општина Ѓорче Петров датира уште многу одамна, непосредно по Првата Светска Војна, како предградие на главниот град Скопје до каде се пристигало само со познатото “Вовче Пампурче”.
Најпрвин Општината се викала Ханриево, по францускиот генерал Ханрис, од Првата Светска Војна.
Во времето на бугарската окупација 1941 година го добива името Жостово, по истоимениот бугарски генерал.
По ослободувањето во 1945 година го добива сегашното име по македонскиот револционер Ѓорче Петров.
Демографски карактеристики
Во Општина Ѓoрче Петров живеат 41.634 жители од кои:
Македонци — 35.455 (85.16%)
Срби — 1.730 ( 4.15%)
Албанци — 1.597 ( 3.84%)
Роми — 1.249 ( 2.99%)
Бошњаци — 489 ( 1.17%)
Турци — 368 ( 0.88%)
Власи — 109 ( 0.26%)
Останати — 637 ( 1.53%)
Културни знаменитости
Како населба со претежно христијанско православно население Општината Ѓорче Петров обилува со споменици од христијанска култура:
Храмот “Св.Апостоли Петар и Павле”, што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, како соборен храм на верници од Општина Ѓорче Петров и на дел од Општина Карпош (Влае). Овој храм е првично изграден и осветен летото 1974 година на храмовиот празник - Петровден. Но заради лошата изведба и несоодветниот изглед, се јави потреба за негово реконструирање. Конечно во летото 2002 година Храмот беше реконструиран. Новиот изглед на грамот е со византиско-старомакедонски стил, со фасада изработена од камен и со нови 4 куполи. Сегашниот изглед на храмот “Св.Апостоли Петар и Павле” - Ѓорче Петров е уште еден бисер во македонската духовна архитектура.
Споменик на патронот на општината Ѓорче Петров кој се наоѓа во централнит дел на реонскиот централен парк, кој во последниве години е збогатен со многу содржини.Споменик на паднатите борци од 1941 -1945 година. Лоциран во Паркот во Ѓорче Петров. Споменикот е изграден по повод смртта на погинатите борци од НОБ. На овој Споменик секоја година секоја година разни здруженија, граѓани, асоцијации и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров положуваат свежо цвеќе во чест и спомен на паднатите борци.
Спомен чешма на паднатите борци од војната во 2001 година. Четворица млади борци ги дадоа своите животи и по иницијатива на граѓаните е изградена оваа Спомен чешма. Исто така има и спомен плоча која се наоѓа во с. Волково во чест на четворицата загинати борци кои своите живот ги загубија во меѓуетничкиот конфликт на 10 август 2001 година.

Subscribe to:
Posts (Atom)