Tuesday, February 15, 2011

Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров е формирана на 14 септември 1996 година со Закон за градот Скопје со кој се утврдуваат подрачјата во состав на Скопје. Настаната е со отцепување од општина Карпош.Територијата на Општина Ѓорче Петров се протега на северозападната страна на Скопје, од левата страна на реката Вардар. Во состав на подрачјето на Ѓорче Петров спаѓа и руралните населени места и населби по сливот на река Лепенец. Општината Ѓорче Петров е погранична општина, затоа што нејзината северна граница се простира долж државната граница. Ѓорче Петров е градска Општина во состав на град Скопје и нејзината територија се граничи со oпштините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај. Покрај урбаниот дел, Општината има и приградски, рурален дел во кој има шест населени места:Волково, Грачани, Кучковов, Никиштане, Ново Село и Орман.

No comments:

Post a Comment