Tuesday, February 15, 2011

Културни знаменитости

Како населба со претежно христијанско православно население Општината Ѓорче Петров обилува со споменици од христијанска култура:
Храмот “Св.Апостоли Петар и Павле”, што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, како соборен храм на верници од Општина Ѓорче Петров и на дел од Општина Карпош (Влае). Овој храм е првично изграден и осветен летото 1974 година на храмовиот празник - Петровден. Но заради лошата изведба и несоодветниот изглед, се јави потреба за негово реконструирање. Конечно во летото 2002 година Храмот беше реконструиран. Новиот изглед на грамот е со византиско-старомакедонски стил, со фасада изработена од камен и со нови 4 куполи. Сегашниот изглед на храмот “Св.Апостоли Петар и Павле” - Ѓорче Петров е уште еден бисер во македонската духовна архитектура.
Споменик на патронот на општината Ѓорче Петров кој се наоѓа во централнит дел на реонскиот централен парк, кој во последниве години е збогатен со многу содржини.Споменик на паднатите борци од 1941 -1945 година. Лоциран во Паркот во Ѓорче Петров. Споменикот е изграден по повод смртта на погинатите борци од НОБ. На овој Споменик секоја година секоја година разни здруженија, граѓани, асоцијации и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров положуваат свежо цвеќе во чест и спомен на паднатите борци.
Спомен чешма на паднатите борци од војната во 2001 година. Четворица млади борци ги дадоа своите животи и по иницијатива на граѓаните е изградена оваа Спомен чешма. Исто така има и спомен плоча која се наоѓа во с. Волково во чест на четворицата загинати борци кои своите живот ги загубија во меѓуетничкиот конфликт на 10 август 2001 година.

No comments:

Post a Comment